Диносаурите сѐ уште будат жив интерес. Како изгледале тие, како изгледал нивниот живот, дали некои диносаури преживеале? За овие и слични прашања ќе можете да најдете одговори во редовите кои следуваат.

1. Владетели на Земјата

dn01

Диносаурите биле владеечки животински вид на Земјата во продолжение на 165 милиони години. Човештвото, од друга страна, со оваа планета владее околу два милиони години.

2. Најбрзите диносаури

dn02

Тие можеле да постигнат навистина впечатливи брзини. Диносаурот наречен Орнитонимус се смета за молњата во својот род. Според научните истражувања, можел да достигне брзина до 70km/h.

3. Животниот век

dn03

И покрај напредокот во проучувањето на овие древниживотни, сѐ уште не е јасно колку траел нивниот просечен животен век. Но, се проценува дека некои од нив можеби живееле до двеста години.

4. Големините

dn04

Повеќето од диносаурите всушност не биле повисоки од просечната височина начовек. Во музеите има мноштво костури кои им припаѓале на џиновски диносаури, но тоа се должи на фактот дека големите коски многу полесно се фосилизираат, и според тоа, нивната реконструкција е многу полесна.

5. Името

dn05

Зборот „диносаур“ за првпат бил употребен во 1842 година од страна на британскиот палеонтолог Ричард Овен. Се работи за грчки израз, кој значи „ужасен гуштар“, кој Овен го употребил поради нивната големина.

6. Положувале јајца

dn06

Диносаурите биле најстарите предци на гуштерите, што значи дека и тие се изведувале од јајца. До сега се знае за четириесет видови јајца.

7. Предци на птиците

dn07

Можеби ова сте го слушнале и порано, но во случај да не сте, сте знаеле ли дека најблискиот роднина на Т-рекс е – кокошката? Општо земено, птиците споделуваат многу карактеристики со диносаурите, што ги наведува научниците дека некои од нив успеале да го преживеат масовното исчезнување преку нивните крилести видови кои преживеале во мутирана, многу помала верзија. Уште една сличност со птиците е тоа што имале шупливи коски, што им овозможувало да достигнуваат големи брзини.

Сподели на Facebook
пати видено