Дали би си помислиле такво нешто – да ги ископате телата на вашите сакани, да ги исчистите, поправите нивниот ковчег и ги облечете во нови алишта? Точно тоа го прават жителите на Тораја во Јужен Сулавеси, Индонезија, на секои неколку години.

Навистина е за восхит љубовта и посветеноста на овие луѓе кон нивните починати, дури и после нивната смрт. Но исто така, ова е уште еден доказ за различноста во културите.

На секои неколку години жителите на Тораја ги ископуваат телата на нивните починати предци. Тоа го прават за време на ритуалот наречен Ма`нене, или Церемонија на чистење на лешевите.

mrt01

За време на церемонијата, мртвите се мијат, дотеруваат и облекуваат во нова облека.

mrt02

Ваквиот процес е можен бидејќи телата не се положуваат во земја, туку во пештера или во камени гробови.

mrt03

Корените на овој ритуал се во верувањето дека духот на мртвата личност мора да се врати во родното село.

mrt04

За време на церемонијата, некои роднини ги шетаат телата на нивните починати по околијата.

mrt05

За време на церемонијата се поправаат и нивните ковчези.

mrt06

Се ископуваат и пресоблекуваат дури и телата на починатите деца.

mrt07

Во Тораја овој ритуал е поважен дури и од ритуали во чест на раѓањето или стапувањето во брак.

mrt08

Чешлање на косата и после смртта.

mrt09

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено