Минатата година беше јавено дека Михаил Лесин, основачот на телевизиската куќа Russia Today (RT) и близок пријател на рускиот претседател Путин е најден мртов во хотелска соба во Вашингтон, САД. Првично беше јавено починал од срцев удар, но последниот обдукциски извештај вели дека тој бил претепан до смрт, што посочува кон очигледен случај на убиство. Неговата смрт се случи кога беше опкружен со контроверзи, особено во САД. Руската телевизија којашто ја основа Лесин стана многу контроверзна во САД бидејќи претставуваше предизвик за западниот наратив во врска со надворешната политика и прашањата со личната приватност.

Âñòðå÷à Âëàäèìèðà Ïóòèíà ñ ìèíèñòðîì ïå÷àòè Ìèõàèëîì Ëåñèíûì

Некои американски политичари предлагале дека РТ треба да се забрани во САД поради ширење пропаганда, додека други го нападнале и него лично. Некои сенатори, како Роџер Викер од Мисисипи, неодамна побарале од Министерството за правда на САД да се отвори истрага за финансиските работи на Лесин.

„Тоа што еден руски јавен службеник успеал да собере толкави средства потребни да се здобие и да оддржува такви имоти во Европа и САД покренува сериозни прашања“, вели Викер. Интересно е тоа што после цела година се објавуваат податоци кои го побиваат извештајот за неговиот наводен срцев удар, особено со оглед на тоа што при случај на претепување знаците се видливи со голо око.

Сподели на Facebook
пати видено