Научно е докажано дека брадата го грее вашето лице, но дали е премногу добра во таа работа? Покрај тоа, докажано е дека носењето брада има и други придобивки, како заштита на кожата од оштетувања предизвикани од сонцето, како и спречување на поленот да влезе во вашиот нос и уста.
Во едно истражување во Кина во 2012 година било утврдено дека делот на лицето покриен со брада е со температура повисока во просек за еден степен од останатиот дел на лицето. Според сето ова, носењето брада може да ви се чини како идеално, но дали има и превидени странични ефекти?
Според физиологот Мајкл Кабанак, постои вистинска опасност (иако мала) дека изолациските карактеристики на брадата можат да предизвикаат прегрејување на мозокот. Всушност, тој смета дека за да се воспостави рамнотежа, телото развило механизам за ќелавост кај мажите со цел да се зголеми протокот на воздух во близина на мозокот. Тој овој концепт го нарекува „терморегулаторна компензација“ и иако неговото десетгодишно истражување покажало дека мажите кои носат големи бради вообичаено имаат проретчена коса, сепак оваа невообичаена хипотеза сѐ уште не е докажана.