Вообичаено учениците се тие коишто не внимаваат на час и се занимаваат со нивните телефони, или пак компјутерите ги употребуваат за сѐ друго, освен за она за што се предвидени. Но, во овој случај, во такво дело било фатен никој друг, туку наставникот.
Учениците добиле неочекувано изненадување кога нивниот наставник заборавил да го исклучи проекторот за време на наставата, и имале што да видат – наставникот си гледал огласи на Ибеј со жени во неглижеа. Тој продолжил да си разгледува, несвесен дека учениците сето тоа го снимиле на видео, коешто подоцна завршило на интернет. Според ученикот кој го снимил материјалот, наставникот воопшто не забележал дека бил снимен и само ја сменил содржината за следниот час.
Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.