И нивната не е лесна. Ова е шокантниот момент кога мајка мигрантка е присилена да го капе своето дете во вир во грчкото село Идомени. Мајката е една од 14.000 луѓе заглавени на грчката страна на границата. Во Грција пристигнуваат околу 2000 мигранти дневно. Во текот на минатата недела околу 70 деца биле хоспитализирани поради треска и дијареа. Снимката од случајот со капењето во вирот е од 6. март. По затворањето на границите од страна на Австрија, како и повеќе балкански земји, меѓу кои и Македонија, околу 42.000 луѓе останаа заглавени на границата. Според Меѓународната организација за миграции, од 1 јануари наваму до сега во Европа пристигнале 148.886 луѓе од Африка, Азија и Средниот Исток.

Сепак, се наметнуваат неколку логични прашања. Грција, Бугарија и Романија се во Европската Унија. Македонија не е. Зошто мигрантите минуваат преку територијата на нашата земја? Да не говориме за прашањата како зошто Турција не ги згрижува луѓето на нејзина територија и зошто дозволува да се врши илегалното и опасно поморско пренесување на мигрантите, како и прашањето зошто мигрантите не се згрижуваат во околните богати арапски земји како Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Јемен, од кадешто по завршувањето на војната би можеле полесно да се вратат дома.

Покрај тоа, се покажа дека мнозинството од овие луѓе немаат почит кон културата на земјите во коишто одат и не сакаат да се асимилираат и втопат во неа. Во градовите во Франција, Англија, Шведска, Белгија, Холандија итн. кадешто се населиле муслимани во текот на изминатите децении се формирани муслимански области, гета и „забранети зони“. Не станува збор за верски предрасуди и расизам, но сепак некои прашања се наметнуваат сами од себе. Всушност, судејќи според честите инциденти во внатрешноста на Европа, верските предрасуди и расизам доаѓаат од нивна страна.

mg01 mg02 mg03 mg04 mg05 mg06 mg07 mg08 mg09 mg19 mg20

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено