Во Хонг Конг, еден од градовите со највпечатливи облакодери, планирањето и дизајнирањето на зградите го вршат како архитектите, така и мајсторите на фенг шуи. Оваа древна кинеска философија на поставување на објектите и зградите во хармонија со природата за тоа да донесе добра среќа е длабоко вкоренета во културата на Хонг Конг.

Се смета дека сѐ, од поставеноста на зградата, нејзиниот облик, положбата на влезот и мебелот внатре влијае врз напредокот и благосостојбата на сопственикот. Поради ова верување се бара совет од фенг шуи експертите при секое планирање на нов дом или канцеларија, па дури и кај огромните архитектонски проекти на островот.

ob01

За време на културната револуција во 1960-те, фенг шуи бил потиснат во копнена Кина, но беше драматично оживеан во последните години, особено на суеверниот југ на земјата. Дури и во современиот централен дел, кадешто фенг шуи се смета за суеверие, повеќето проектанти сѐ уште се советуваат со фенг шуи експерти бидејќи сметаат дека е подобро да се спречи отколку да се лечи. И навистина, многу корпорации одвојуваат дел од нивниот годишен буџт за фенг шуи советување. Некои од предлозите на овие експерти можат да бидат толку едноставни колку да се премести масата на директорот на друго место или да се стават парички под килимот. Но, други можат да бидат значително поскапи и да вклучуваат уништување и реконструирање на дел од зградата.

ob02

Кога во средината на 1980-те било изградено познатото седиште на HSBC со два бронзени лавови на влезот, лифтовите биле пренасочени од нивната првична исправена положба во аголна поставеност во однос на влезот со цел да се спречи лошите духови да се креваат од пристаништето Викторија кон канцеларијата. Од друга страна, кулата на Кинеската банка ја запоставила фенг шуи практиката и сега се смета дека има лоша среќа и затоа е празна во поголемиот дел од годината. Се вели и дека кулата со своите многу остри рабови префрла негативна енергија и врз бизнисите околу неа. Сопственикот на Липо-центар кој е поставен спроти еден од рабовите на банката, банкротирал и морал да ја продаде зградата. Слично на тоа и гувернерската резиденција, којашто исто така се наоѓа спроти еден од аглите на Кинеската банка, се соочува со свои проблеми.

ob03

Растежот на Хонг Конг во последните години се припишува на добриот фенг шуи. Се вели дека неговата географска местоположба со планините зад него и водите пред него е во согласност со принципите на фенг шуи. Според една легенда, планините до градот се дом а змејови кои се сметаат за носители на позитивна и моќна енергија. Оваа енергија струи низ Хонг Конг кога змејовите се движат од планините кон морето за да пијат и да се искапат. Ова објаснува зошто многу згради на крајбрежјето имаат дупки во средината. Овие дупки на змејовите им овозможуваат непречен пристап до водата, за струите на позитивна енергија да продолжат да струјат низ градот.

ob04 ob05 ob06 ob07 ob08 ob09

Сподели на Facebook
пати видено