Често се смета за однесување во кое се впушта мал дел од општеството, но се чини дека сексуално изопачените се многу почести отколку што порано се мислеше. Една студија открива дека сексуалните перверзии, познати како парафилија, се изненадувачки распространети и се јавуваат во речиси половина од светското население. Психолозите тоа го откриле преку анкета направена со повеќе од 1000 луѓе од Квебек, Канада, при што речиси педесет отсто од нив изразиле интерес во активности како фетишизам, фротеризам, мазохизам и воајеризам.

pf01

Околу третина од испитаниците изјавиле дека имале парафилични сексуални искуства. Исто така, луѓето кои се впуштале во мазохизам биле почести од фетишистите. Истражувачите велат дека биле изненадени кога четири од осумте видови на парафилично однесување кои се препознаени од психолозите се покажале како изненадувачки чести. Воајеризмот се забележува кај 35 отсто кај мажите и жените, додека фетишизмот кај петтина од анкетираните. Во мазохизмот уживаат 19 отсто, додека фротеризмот – при кој сексуалното задоволство се постигнува при триење на интимните органи спроти некој против негова согласност – се нашол помеѓу желбите и искуствата со зачестеност од 26 отсто.

pf02

Проф. Кристијан Џоел, психолог при Квебешкиот универзитет кој ја предводел студијата вели; Некои парафилични интереси се почести отколку што луѓето си мислат, не само во поглед на фантазиите, туку и во поглед на желбите и однесувањата. Главната цел на студијата беше да се процени нормалното однесување во претставителен примерок на севкупното население. Овие факти сугерираат дека мораме да осознаеме кои се нормалните сексуални однесувања пред да определиме некое сексуално однесување како ненормално.“

pf03

Тимот на проф. Џоел интервјуирал 1049 луѓе од Квебек по пат на телефонско јавување. Како резултат на испитувањето, се утврдило дека парафилијата е почеста кај мажите.

„Но, тоа не значи дека жените воопшто не ги интересираат такви работи“, вели професорот.

Сподели на Facebook
пати видено