Романка му ги откинала тестисите на својот сопруг со голи раце затоа што не ѝ подарил цвеќе за 8. март, па згора и одбил да и помогне со домашните обврски. 39-годишниот Јонел Попа од областа Васлуи во североисточна Романија бил одведен во болница со раскинато меѓуножје, дело на злобниот напад на неговата 40-годишна сопруга Маринела Бенеа. За време на расправијата, оваа мајка на едно дете го грабнала својот сопруг меѓу нозе и силно повлекла, при што му ја скинала кожата и левиот тестис му виснал надвор.

ld01

По инцидентот, г-ѓа Бенеа изјавила дека не била свесна за нејзината сила, додавајќи дека нејзиниот сопруг го заслужил тоа што му се случило. Таа рекла: „На Јонел му дале шише вино на работа,место да му дадат плата, и тој дома дојде пијан. Кога ќе се напие, тој се менува. Цела ноќ ме тераше да го одржувам огнот бидејќи му било студено и јас го правев тоа за да избегнам кавга. Утрото ги кренав завесите и му кажав да излезе и да работи нешто, или барем да ми помогне со домашните работи, но тој се развика дека јас немам право да му наредувам. Му кажав дека тој не е никаков маж и го грабнав за тестисите. Не е моја вина што тој се тргна и така се случи.Мислев дека малку лед би го решило проблемот, но тој инсистираше да повикаме брза помош.“

ld02

Сопружниците се заедно петнаесет години и имаат петнаесетгодишен син.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено