Луѓето со страв од височина веројатно ќе сакаат да ја одминат оваа гостилница, бидејќи виси триесеттина метри над земјата над еден кањон, на работ на една карпа. И згора на сѐ, ресторанот има стаклен под, сѐ со цел поефикасно да ви го раздвижи стомакот. Дизајниран од „Тал Архитектос“, коктел барот „Бакарниот Кањон“ ќе гледа над впечатливите водопади Басасеачи во Мексико. Доколку овој ресторан се изгради, ќе се состои од два ката, при што на првиот ќе има бар – за тие на коишто ќе им треба некоја чаша жесток пијалок за да ги смират нивните нерви, и ресторан во кој масите ќе бидат поставени околу стаклен под. Кога ќе се заврши со јадењето, клиентите ќе можат да се качат на покривот за малку поопуштено чувство, кадешто ќе можат да се нурнат во базенот за да си ја изладат главата од вртоглавицата. Сега за сега титулата највисок ресторан му припаѓа на At.mosphere, кој се наоѓа на височина од 411 метри на 122 кат во облакодерот Бурџ Халифа во Дубаи.

rs01 rs02 rs03rs05rs09rs04

Сподели на Facebook
пати видено