Џорџ Орвел бил еден од најтемелните критичари на општеството во современиот период. Некои од неговите изреки, повеќето веќе постари од половина век, ја докажуваат длабочината на неговата проникливост за иднината. Во неговата најпозната книга „1984“ (објавена во 1949), Орвел предвидел многу нешта кои го одбележуваат денешниот свет. Некои од цитатите коишто следуваат можат да се најдат во неговите добро познати книги „1984“ и „Животинска фарма“. Прочитајте ги и ќе бидете изненадени од неговата свесност за социјалните неправди, како и од неговиот остар сарказам.

орвел

1. Тој кој владее со минатото, владее со иднината. Тој кој владее со сегашноста, владее со минатото. (1984)

2. Можеби човек не сака толку да биде сакан колку да биде разбран.(1984)

3. Ако сакаш да чуваш тајна, мораш да ја скриеш од себеси.(1984)

4, Ако сакаш слика на иднината, замисли чизма стапната врз човечко лице – засекогаш.(1984)

5. Војната е мир. Слободата е ропство. Незнаењето е сила.(1984)

6. Ќе се сретнеме на местото кадешто нема темнина.(1984)

7. Но, ако мислата може да го расипе јазикот, и јазикот може да ја расипе мислата.(1984)

8. Двомислата значи моќ на држење на две спротивставени верувања во умот на човек истовремено, при што и двете се прифаќаат.(1984)

9. Можеби лудакот едноставно беше малцинство од еден човек.(1984)

10. Суштествата однадвор гледаа од свињата кон човекот, од човекот кон свињата, и повторно од свињата кон човекот; но веќе не можеше да се каже кој е кој.(Животинска фарма)

11. Севкупно земено, човечките суштества сакаат да бидат добри, но не премногу добри и не цело време.(Сета уметност е пропаганда)

12. Сите животни се еднакви, но некои животни се поеднакви од другите.(Животинска фарма)

13. Суштината на тоа да се биде човек е во тоа да не се трага по совршенство.(Пред твојот нос: 1945-1950)

14. Пишувањето книга е ужасна, истоштувачка борба, како долго тешко боледување. Човек не би се нафатил на такво нешто ако не го гони некој демон на кој не може ниту да му се спротивстави, ниту да го разбере.

15. Ако слободата воопшто значо нешто, тоа е право да им се каже на луѓето тоа што не сакаат да го слушнат.

16. Политичкиот јазик е осмислен така да прави лагите да звучат вистинито и убиството достојно за почит, и да му се даде цврстина на ветрот во магла.

17. Најефикасен начин да се уништи еден народ е да се избрише неговото сопствено сфаќање на неговата историја.

18. Секое поколение се замислува себеси како поумно од тоа пред него и помудро од тоа по него.

19. Во време на измама, да се каже вистината е револуционерен чин.

20. Во ова наше време не постои такво нешто како „држење на страна од политиката“. Сите прашања се политички прашања, а самата политика е еден куп лаги, извртувања, изопаченост и шизофренија.

Читајте книги, тие во себе содржат помалку манипулации.

Сподели на Facebook
пати видено