Нил Харбисон има способност да ги слуша боите околу него со помош на уред вграден во неговата глава. Роден како далтонист, Харбисон бил осуден животот да го помине во црно и блео, сѐ додека, незадоволен од неговата состојба, го „хакирал“ сопственото тело така што во неговата глава му вградиле специјална антена. Впечатливиот уред може да ги претвори боите околу него во звуци коишто може да ги слушне и со помош на неговиот ум да ги преведе во концепт за бои кои неговите очи не можат да ги видат.

im

Во текот на три години, Харбисон успеал целосно да ги запомни ззвуците на секоја од боите кои го опкружуваат, дури може да препознае и инфрацрвени и ултравиолетови бранови должини. Покрај тоа што создава своја уникатна уметност, 33-годишникот останува цврст поборник на трансхуманистичкото движење коешто се залага за надградување на човечкото тело со помош на технологијата. Тој се надева дека во иднина ќе успее да ја приспособи и унапреди оваа технолгија за да може да преведува и други сетила, како сетилото за вкус. Дали ваквите импланти ќе станат честа појава во иднина, останува да се види.

Сподели на Facebook
пати видено