Руски архитект дизајнирал облакодер во облик на кобра, најавувајќи дека неговата змијолика кула ќе биде изградена во познат град на Блискиот Исток. Величествениот дизајн вклучува кружна основа која изгледа како тело на змијата, како и глава со отворена уста, во која ќе бидат сместени ресторан и ноќен клуб со тераса. Дизајнот наречен „Кула Азиска Кобра“ е дело на архитектот Васили Клјукин од Москва, кој живее и работи во Монако.

cb01

Бизнисменот и поранешен банкар тврди дека неговото дело „ја предвидува иднината“. Дизајнерот верува дека неговата змиска кула најверојатно ќе ги возбуди градежниците во градови на Блискиот Исток и во Азија, кадешто змите се сметаат за симбол на мудрост.

cb02 cb03

„Да му кажеш на некој Јапонец е змија, тоа за него ќе значи комплимент. Во Кина зборот змија и змеј често се исти“, додава Клјукин. Во дизајнот на црно-златната змија е вклучено и променливо осветлување како и стилизиран симбол „Јин и Јанг“.

cb06 cb08 cb07

„Облакодерите го привлекуваат нашето внимание, било да нѐ инспирираат или иритираат и заплашуваат. Овие кули ги менуваат градовите над светот и се најчистиот одраз на културниот и економскиот напредок на дваесеттиот век.“, вели Клјукин, кој истакнува дека покрај тоа што горниот дел од кулата ќе се користи за угостителски објекти и други бизниси, подножјето би можело да се користи за станови.

Сподели на Facebook
пати видено