Австријците стравуваат дека делови од Виена стануваат „забранети области“ откако еден татко бил нападнат од „Шеријатска патрола“, кога им кажал да престанат да им се закануваат на неговата сопруга и неговата ќерка затоа што „не биле соодветно облечени“. Најразлични групации на мигранти почнале да си го присвојуваат тој дел од градот како своја територија, и организирале „Шеријатски патроли“ кои ги посетувале клубовите и баровите во областа Милениумски Град, за да проверуваат дали „Чеченките се облекуваат и однесуваат како што треба“. Но, кога еден Австриец се обидел спречи патролата да ги малтретира неговата сопруга, која по потекло е од Чеченија, и неговата ќерка, бил нападнат и завршил во болница.

mg01

Ова се случува откако за викендот ескалираа судири во Виена, при што во центарот на градот се судриле повеќе од 50 млади луѓе од авганистанско и чеченско потекло. Бандите се нападнале едни со други со штици, железни прачки и ножови. Двајца од нив завршиле на интензивна нега и нивната состојба се опишува како критична. Според кажувањата, меѓу уапсените се нашле и шестмина баратели на азил. Локалните жители Томас и Мануела Сонтагфрух, стоејќи на улицата на која останале траги од крв, коментираат: „Често се случува младите да се расправаат меѓу себе, но вакво нешто едноставно не е нормално.“ Ова е последниот ваков настан во серијата слични испади в одруги градови како Линц, Грац, Санкт Полен и Салцбург. Се повеќе можат да се слушнат коментари од локалните жители дека стравуваат да се движат по улиците на нивните градови.

mg02 mg03

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено