Кога станува збор за пијаното возење, полицајците вообичаено минуваат низ специјална подготовка за забележување на пијаните возачи. Но, една жена направила да биде особено лесно да ја забележат, и тоа оддалеку, откако била фатена како вози со дрво од 4.5 метри забиено во предната решетка на нејзиниот автомобил. Полицајците ја уапсиле 54-годишната Мериен Кристи во Розел, во близина на Чикаго, откако загрижените жители ја забележале со дрвото и ја пријавиле во полиција. Кога ја запреле, утврдиле дека и двете воздушни перничиња биле активирани, веројатно како последиц ана ударот во дрвото. Нормално, утврдиле и дека мириса на алкохол, по што паднала на алко-тестот.
Кристи на полицајците им кажала дека се сеќава дека удрила во дрвото некаде во близина на нејзиниот дом, околу 5 километри од местото кадешто била уапсена, но не можела да се сети на точната локација. Ете, и тоа може да им се случи на пијаните возачи.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!