– Ѝ купи ли на жена ти подарок за 8-ми март?
– Се разбира?
– А ако не и се допадне?
– Ќе си го земам за мене. Одамна сакам таква јадица.
– – – – – – –
– Како си помина на осми март?
– Како во бајка. Се сретнав со прекрасниот принц. Цел ден ме носеше на раце, ме опсипа со подароци, ми зборуваше убави нешта.
– Ау, колку романтично. А потоа?
– Потоа… На полноќ повторно се претвори во мојот маж.
– – – – – – –
– Душо, со мажот на Анита, решивме да ви дадеме заеднички подарок за 8-ми март.
– Што?
– Вечерва нема да готвите. Со него ќе каснеме нешто надвор.
– – – – – – –
Три прашања на кои сеуште нема одговор:
1. Од што е создаден универзумот?
2. Може ли да се патува низ времето?
3. Што да и подарам за осми март?
– – – – – – –
Се будат маж и жена утрото на 8-ми март.
Жената, протегајки се слатко:
– Ах, каков убав сон сонив – ти ми подари за 8-ми март бунда и дијамантски прстен! Што ли значи тоа?
Мажот ја бакнува и ѝ вели насмеано:
– Почекај, вечерва ќе разбереш!
Вечерта жената се враќа порано од работа, готви свечена вечера, пали свеќи… Си доаѓа мажот и ѝ подарува убаво спакуван подарок. Таа отвора брзо и гледа книга „Соновник“.
– – – – – – –
Промоција:
За секој маж што ќе купи тава за 8-ми март – подарок шлем!
– – – – – – –
Од дневникот на еден маж:
Денес ми се расипа бормашината. Сега ќе треба да чекам да дојде 8-ми март за да и купам на жената нова.
– – – – – – –
Почитувани мажи!
Дозволете да ви изразам најдлабоко сочувство во врска со доаѓањето на Меѓународниот црн ден – 8-ми март. Тешко ни е на сите. Ви посакувам храброст и сили за да издржите во овие тешки 24 часа!
– – – – – – –
8-ми март. Македонија. Мажот седи пред телевизорот и чита весник, а жената мие чинии. Одеднаш на мажот му текнува дека е 8-ми март и дека нема купено подарок. Без да запира со читање, вели:
– Остави, душо, денес е 8-ми март, утре ќе си домиеш.
– – – – – – –
– Драга, што да ти подарам за 8-ми март?
– Уф, не знам…
– Не брзај, размисли си. Имаш време до следната година.
– – – – – – –
Имам идеална жена.
Ниту еднаш се немаме скарано.
Пере, готви, чисти… секогаш е со мене, подготвена да помогне.
Ме разбира како никој друг. Живееме во хармонија, О-о-о! А што прави во кревет!
Сакам да ти го честитам осми март, моја најмила десна рако!
– – – – – – –
– Што сакаш за 8-ми март?
– Сакам едно јаболко… нагризано… и пожелно е да биде на задната страна на нов телефон…
– – – – – – –
Осми март, наутро. Таа станува, оди кон бањата. Се слуша викање:
– Марш во кревет мори! Сега ќе ти го донесам кафето!
– – – – – – –
За 8-ми март ќе купам многу цвеќиња и еден литар ракија. И нека сите жени бидат убави!
– – – – – – –
Си ја докажал љубовта на Свети Валентин! На 8-ми март од тебе се очекува материјална потврда.
– – – – – – –
8-ми март помина како и обично. На жената – цвеќиња. На мајка ѝ – чоколадни бонбони (ја болат забите).
– – – – – – –
– Зошто така се вознемирени комшивката Мара? Се поднапил нејзиниот на осми март, но барем и подари парфем…
– Не си разбрала: Компијата го испил парфемот што ѝ го подарил за осми март.
– – – – – – –
– Душо, што ќе ми подариш за 8-ми март?
– Уште не знам, но ќе биде од срце!
– Подобро од Сити Мол!
– – – – – – –
Промоција во наш ресторан за осми март:
Само денес и само за дамите, сите ракии по осмата се бесплатни.