Европа и Русија следната недела ќе лансираат заедничка мисија за испраќање на вселенско летало на површината на Марс. Доколку сѐ оди по планот, малоата сонда наречена Скиапарели ќе се одвои од главното летало, спуштајќи се на површината на Марс кадешто ќе ја истражува атмосферата на планетата во потрага по знаци на метан – гас кој би можел да биде показател за присуство на вонземјански живот.

ms

Инструментите на сондата се најчувствутелни од сите испратени до сега и се способни за анализирање и на најмалите траги на метан. „Детектирањето на метан само по себе не кажува дали е произведен биолошки или геолошки“, вели планетарниот научник Брус Џакоски.“Мора да го набљудуваме севкупното атмосферско однесување.“

Оваа мисија е една од првите мисии на Европската вселенска агенција за потрага по живот на Марс.

Сподели на Facebook
пати видено