Пасунг, индонезиски израз за ограничените во развој, бил забранет во 1977, но сѐ уште се употребува во оваа земја во која менталната болест е табу. Загрижен од состојбата на луѓе, њујоршкиот фотограф Андреа Стар Риз 2011 и 2012 ги поминала истражувајќи ги условите во установите за ментално болни, по што уследил нејзиниот документарен филм „Нарушување“.
„Да се влезе внатре беше лесно, дури и кога условите беа лоши, а тие секогаш се“, споделува Риз. „Да се излезе е тешко и вознемирувачко. Ја продолжувам оваа документација бидејќи условите остануваат критични, напредокот е бавен, а владата на Индонезија на обрнува внимание на меѓународниот печат. Меѓународните НВО-а ги употребуваат моите фотографии ивештаи за да ги засилат нивните напори. Не можам да ја оставам оваа приказна.“
Агус пее во неговиот кафез. Чуварите не го пуштаат плашејќи се дека ќе помогне, па така овој кафез е негов постојан дом.
Халуцинациите на Еви започнале кога имала петнаесет години. Нејзините родители платиле за овој дрвен кревет и исламскиот пристап на лекување.
Пациентите се чуваат во очајни услови, изгладнети, а еден од друг се одделени само на овој начин, со ѕид од жица.
Мухамед (лево) врши масовно лечење. По цел ден и ноќ пациентите пијат растителни напитоци, се молат, повраќаат и паѓаат во хипнотичен транс.
Десет години Ан била држана во просторија без прозорци, и според нејзиниот татко, нема голема потреба за јадење. Порано сакала да трча, сега не може да стои.
Држењето на пациенти во кафези е честа пракса.
Секојдневно се соочуваат со недостаток на храна и живеат во мизерија каква што не може да се замисли.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!