Здраво јас сум Олга Пеземекова и сум учителка во основно училиште.
8-мио ден од Март за нас учителките е втора нова година, само шо подароците не ни ги клават под елка.
Порано беше почурук многу, купваја сите посебно и само безвеза лајци виљушки и каранфили, арно му текна, почнаја да купват заедно, па една година ланче, другата година привезок, огрлица, слика уметничка и така, а ко работев по селата, фрчеа, јајца, компири, кромитче, убајна.
Овој ден и денот на вљубените се многу глупи празници. 363 дена и 4 сати ја тепа и малтретира жената, ама ко ќе дојди 8-ми Март и Св. Валентин, ја носи по вечери, по ручеци, абе да ги видиш врска од соништата… Ама ние жените сме криви.
Криви сме оти еден ден во годината го имаме за нас и ко ќе биди прославата ќе се појави камерата од Орбис или од Тера и сите салто прат таму, шпагата ја прат, ѕвезда, премет, ќори пијани и после 7 години не на 8-ми Март, ами пред порта мажот му не ја пушта да седи.
Ја користам оваа прилика да му го честитам 8-ми Март на сите жени, а на мажите да му порачам чувајте си ги жените секој ден во годината, оти то шо прај жената ретко кој маж го прај, само тие на рикверц шо враќат.
Поздрав!!!
Автор: Виктор А.К.А. Башлак