Во статија којашто ветува, објавена во Журналот за дентално истражување, група истражувачи го објаснуваат нивниот нов метод за регенерација на забот и изразуваат голема надеж дека овој метод ќе може да ги замени досегашните вештачки заби. Проучувањето на матичните клетки веќе подолго време е во тек, бидејќи овие клетки имаат висока способност за трансформирање и поправање на ткивото со постојаното делење во нови, специјализирани клетки, кои ќе станат црвени крвни клетки, кожни клетки или мускулни клетки.

zb

Во случајот со овие нови клеточни трансплантанти, матични клетки од глувци биле измешани со клетки од човечко непце и потоа трансплантирани во бубрези на глушец. Клетките израснале во „препознатливи забни структури обложени со глеѓ и видливи корени во развој“. Клетките земени од човечко непце биле површински епителни клетки, додека клетките од ембриони на глушец се мезенхимални матични клетки, коишто се разновидни и можат да се развијат во широк спектар на структури како коска, `рскавица и сало.

Проф. Пол Шарп кој го предводи истражувањето, објаснува:

„Епителните клетки од непцето на возрасен човек се способни да одговорат на сигналите за никнување на заби од ембрионскиот забен мезенхим на соодветен начин за да придонесат во формирањето на забната корона и забниот корен“.

За овој процес да најде практична примена кај луѓето, научниците мораат да комбинираат возрасни епителни клетки со возразни мезенхимални клетки, што претставува последниот дел на сложувалката. Доколку успеат, луѓето кои ги загубиле своите заби ќе можат да им кажат збогум на вештачките заби.

Сподели на Facebook
пати видено