Кралството Мустанг, кое граничи со Тибетската Висорамнина, е еден од најоддалечените региони на Хималаите. Некогаш тоа било независно будистичко кралство. Потоа Мустанг бил анексиран од страна на Непал кон крајот на осумнаесеттиот век, но го задржал својот статус на независно кнежество сѐ до 1950-те кога областа била консолидирана во рамките на Непал. Поради чувствителната гранична положба, до 1992 година Мустанг бил вон досегот на странците. Релативната изолација на регионот од надворешниот свет помогнала тој да ја зачува својата древна култура која повеќе е поврзана со Тибет отколку со Непал.

ms01

Пејсажот исто така не наликува на ништо што би нашле на друго место во Непал – длабоки клисури издлабени од страна на реката Кали Гандаки, и чудно извајани карпести формации. Лицето на карпата е издупчено со околу 10.000 древни пештерски живеалишта, при што некои од нив се извишуваат до 45.6 метри над долината. Никој не знае кој ги ископал или како луѓето се искачувале по речиси вертикалната карпа за да стигнат до нив. Некои од пештерите се недостапни дури ни за искусните алпинисти.

Повеќето од пештерите сега се празни, но други покажуваат знаци на населеност – огништа, складишта за жито и места за спиење. Некои од пештерите служеле како погребни комори. Биле најдени десетици тела во овие пештери стари повеќе од 2000 години. Телата биле положени во дрвени легла украсени со бакарен накит и стаклени зрна. Костурите во други пештери се датираат од 3-от до 8-от век н.е. пред будистите да дојдат во Мустанг, и имаат белези на сечење на коските, кои можеби биле направени како дел од праксата за небесно погребување, при што телото се сече на помали парчиња и се остава да биде изедено од птиците грабливки. Небесното погребување сѐ уште се практикува во оддалечените области на Хималаите.

Археолозите веруваат дека пештерите во Мустанг биле употребувани во три општи периоди. Првин биле употребувани пред 3000 години како погребни комори. Потоа пред 1000 години тие претставувале живеалишта, можеби како засолништа при војни или напади врз населбите во долината. Конечно, до петнаесеттиот век повеќето луѓе се преселиле во традиционалните села а пештерите станале место за испосништво и медитација. Некои од овие пештери биле претворени во манастири како Лури Гомпа, Чунгси и Нифук.

Лури Гомпа е еден од најпознатите манастири во Мустанг, Тој е положен на гребен висок најмалку сто метри, во еден од многуте варовнички структури кои наликуваат на природни столбови. Кон него од самото дно на долината води кривулеста патека, сѐ до врата која води до две поврзани комори. Надворешната комора содржи светилиште, додека внатрешната комора – главното богатство на Лури Гомпа – е прекрасно украсена со серија слики кои ги прикажуваат индиските Махасиди, светци за кои се вели дека со помош на медитација се здобиле со сиди – натприродна моќ. Не е најдена никаква документација за манастирот, но се смета дека ѕидните слики биле направени во 14. век, или дури и порано.

ms02 ms03 ms04 ms05 ms06 ms07 ms08 ms09 ms10 ms11 ms12

Сподели на Facebook
пати видено