Пред вас е уникатен рачно-изработен оклопен транспортер на либиските специјални сили, кои се борат во областа на градот Бенгази против милитантите на ИСИС. Возилото е изградено врз основа на обичен воен камион и е опремено со анти-авионски топ од руските тенкови BMP-1, кој е омилен кај сите импровизирани мајстори за воена опрема на Блискиот Исток.