Италијанскиот уметнички критичар Антонио Де Робертис објави дека му донеле да ја препознае оваа групна фотографија на која е фотографиран и Винсент Ван Гог. До сега на светот му биле познати само 2 фотографии од големиот Ван Гог. На едната тој имал 13 години, а на другата 19. Третата фотографија била направена во 1888 година во париската академија „Жулијана“, а на неа покрај Ван Гог се и Пол Гоген и Едуард Вуилард. Фотографијата моментално се наоѓа во Националниот институт за историја во Париз.