Сите знаеме дека мајчинската љубов нема граници и дека таа ќе стори сѐ за нејзиното семејство и нејзините деца. Родеса Вилануева-Рејес ги споделила овие фотографии од нејзиниот „направи сам“ проект на Фејсбук, и тие набргу предизвикале големо воодушевување кај другите родители.
Оваа мајка направила мини кујна од картонски кутии кои ги собрала од пријателите.
Првин ги подредила кутиите
Потоа исекла отвори за вратите, печката итн.
Кутиите ги облепила со винилни лепенки и украси од хартија.
Потоа ги додала играчките на ќерката за да го комплетира домаќинскиот изглед.
За да направи да изгледа уште повозбудливо, испечатила натпис „Кафе бар и ресторанот на Одри“ кој го залепила на парче картон.
За мијалникот искористила старо тенџере, а чешмата ја направила од празно шишенце за течен сапун.
Прекинувачите за шпоретот се направени од капачиња за тегли.
И готово! Нејзината мала домаќинка е многу среќна со резултатот!