После правилата за возачи (клик тука), еве ги и правилата за однесување на пешаци во Скопје.

1. Никогаш не преминувај на пешачки премин или ако има подземен, не користи го!

2. Никогаш не претрчувајте пред кола освен ако таа не е полициска или не лета со 200 километри на час (референца: Видете 1. Преминување на пешачки премин)

3. Никогаш, ама никогаш не брзајте додека преминувате улица. Пешаците имаат предност, а возачите немаат избор освен да чекаат да поминете.

4. Првото слободно место во автобусот ќе биде и последно, заземете го молскавично брзо.

5. Контакт со очи со друг пешак кој чека да се качи во автобусот автоматски ви дава право да влезете прв.

6. Секогаш кога е можно преминувајте на црвено. Ако возачите ви свират, само подвикнете им „Што сакаш бе мајмун!“ Ако некој од нив даде гас, скокнете пред него и натерајте го да кочи нагло, по можност да предизвика и верижна сообраќајка.

7. Секогаш одете по улицата – така ќе ги натерате возачите да отидат на спротивната лента, а таму другите возачи ќе се погрижат за нив.

Сподели на Facebook
пати видено