8 март, денот на кој се слави почитта и љубовта кон жените поради нивните достигнувања во различни сфери, но и празник кој има политичка и социолошко-културолошка димензија. И повторно, не сите жени сакаат да го прослават на ист начин.

e84a099e027bf33dff35eb8d5ebba6dfВо поново време 8 март го загуби својот политички вкус и стана едноставно повод за изразување наљубовта и почитта кон жените на начин карактеристичен за Денот на мајката или Денот на вљубените. Во другите земји поводот за прославата сè уште се однесува на политичките и човековите права ратификувани од Обединетите нации и се негува силната, политичка и општествена свест за борбата на жените за рамноправност.

Кај нас обичаите се поинакви и најчестиот начин да се честита и прослави празникот е со подарување цвеќе или подарок кој во овој период е лесно да се одбере имајќи ги в предвид одличнитепразнични попустишто ги нудат шопинг моловите и продавниците.

Трагајќи по идеалниот подарок за 8 март и по сознанија како жените денес го доживуваат ово празник, решивме да прашаме неколку жени од јавната сфера кои се препознаени по исклучителениот имиџ, ставот и талентот во она што го работат:

ivana„За 8 март немам желби врзани со материјалнотои минливото. Но, од петни жили посакувам жените во нашиот патријахален систем конечно да го добијат заслужениот статус, кој ова општество им го должи. Статус на жилави, истрајни и борбени, такви жени барем јас познавам. Доаѓа времето на матријахатот. Ваквите дами се предвесници на македонска пролет. И само мудрите мажи можат тоа да го видат и почувствуваат во воздухот тој мирис. Мирисот на жената. Ете тоа посакувам“ изјави Ивана Тасев, новинарка во „Теа Модерна“

 

Zorica„Она што го сакам за овој 8 март е парфем, викенд во Крушево, нови балетанки и некое фино парче накит. Но, како стојат нештата со мојот сопруг и неговото поимање на празникот, поверојатно е дека јас ќе си ги купам овие нешта, а тој ќе ме однесе во Дојран да ги чистиме олуците од лисја за да не се запушат при првите пролетни дождови. Се шегувам. Мене 8 март, исто како и шопингот, трчањето, слушањето музика, организирањето на домот и уште некои ритуали што ги имам се време или ден од мене за мене. И зошто еден ден во годината, не сметајќи го роденденот, да не си дозволам какво било уживање?“ вели Зорица Црношија, ПР Менаџер и радио водителка.

 

elena„Го почитувам значењето на 8март. Го почитувам тоа што жените ширум светот се изборија за своите економски, социјални и политички права. Се изборија за рамноправност со машкиот свет, иако во одредени делови на светот тоа е сеуште маргинилизирано. А јас лично претпочитам почитување, љубов и признание на жените во секој поглед, секогаш, секаде. И да, повеќе сакам топла прегратка и убав збор секој ден“ вели Елена Вишка, ТВ и радио водителка.

Но, постојат и многу кои сепак сакаат да ги изненадат своите сакани токму на овој ден и да не пропуштат да купат нешто, ако вообичаено забораваат да ги изненадат своите сакани. Затоана 5, 6, 7 и 8-ми март можат да го посетат Скопје Сити мол во кој благодарејќина празничните попусти ќе можат да го пронајдат идеалниот подарок за својата сакана.

 

 

 

 

Сподели на Facebook
пати видено