Што се случило со крстот на кој бил распнат Исус Христос (Светиот крст, уште наречен и Вистинскиот крст)? Постојат повеќе легенди, а денес фрагменти од истиот се чуваат во повеќе цркви во светот.
Легендата за Вистинскиот крст
Оваа легенда раскажува дека крстот на кој бил распнат Исус бил најден во 325 г.н. од Света Елена, мајката на Константин I. Таа заминала да се поклони пред Исусовиот гроб во Ерусалим кадешто нашла дел од гробот. Други делови од него веќе се се наоѓале во Рим и Константинопол (денешен Истанбул). Делови од откритието на Св. Елена биле пратени на религиските водачи и цркви ширум светот.
Откриени се нови делови во Турција
Неодамна археолозите откриле дрвен ковчег во внатрешноста на црква од 7. век, кој содржи фрагменти од дрво, за кои се претпоставува дека се делови од Вистинскиот крст. Ковчегот бил детално изрезбан со крстови.
Храмот на Крстот во Тексас
Според кажувањата, барем едно од парчињата на Вистинскиот крст завршил во Дикинсон, Тексас, САД. Се работи за храм кој во исто време е парохија и училиште. Училиштето ја набавило оваа реликвија од Вистинскиот крст во Рим.
Римската реликвија
Некои од деловите кои ги нашла Св. Елена биле изгубени, но не и пратените во Рим. Можат да се видат во базиликата на црквата Санта Кроче – Црква на Светиот Крст. Се вели дека и други реликвии од распетието се положени во оваа црква.
Италијанска црква полна со религиски реликвии
Можат да се видат многу чудесни реликвии во црквата Св. Марија Аусилиатриче (Св. Марија – помагателка на христијаните). Во неа се наоѓаат повеќе од 5000 реликвии, меѓу кои и дел од Светиот крст.
Богородична црква (Париз)
Едно од најголемите парчиња од Вистинскиот крст се наоѓа во една од најпознатите цркви во светот – Нотр Дам во Париз. Се претпоставува дека тоа е еден од оригиналните делови од крстот најдени од Св. Елена.
Катедралата во Пиза
Еден од оригиналните делови од Светиот крст, најдени од Св. Елена завршил во катедрлата во италијанскиот град Пиза, која вреди да се посети дури и ако не сте многу по религиските реликвии.
Метрополитен, Њујорк
Делови од Светиот крст се наоѓаат и во музејот Метрополитен во Њујорк. Изложениот артефакт датира од 8. или 9. век. Според легендата, тој бил во сопственост на папата Инокентиј IV.
Балтиморското богатство
И во Музејот на уметност „Волтерс“ се наоѓа дел од Светиот крст. Делот бил откриен во 1899, а музејот го прибавил во 1931.
На eBay
Верувале или не, делови од Светиот крст се продаваат и на eBay, или барем така ќе ве убедуваат тие кои ги продаваат парчињата дрво кои наводно се дел од крстот на кој бил распнат Исус Христос.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.