Можеби сте слушнале за некои од неверојатните уреди со помош на коишто преку мозочните сигнали можат да се контролираат најразлични нешта од компјутери до протези за екстремитети. Сега, еден тим научници разви бежичен интерфејс кој на два мајмуни им овозможи да возат инвалидска количка со помош на нивниот ум, се тврди во студија објавена во списанието „Научни извештаи“.
Иако се работи за ран чекор, научниците се надеваат дека ќе успеад да изградат слични системи коишто еден ден на парализираните и хендикепираните луѓе ќе им ја вратат способноста да се движат самостојно.
Еве видео клип на кој се гледа како еден од мајмуните контролира инвалидска количка со помош на своите мисли, со цел да досегне до сад со храна:
Мозочните компјутерски интерфејси се присутни веќе подолго време. На пример, во 2012 година со помош на таков интерфејс жена успеала да крене чаша подот, со помош на своите мисли. Во меѓувреме, други истражувачи покажале дека можат да се контролираат инвалидски коички со помош на вакви уреди коишто се поставуваат врз главата на човекот, кои потоа ги мерат мозочните бранови преку черепот. Овие сигнали сега за сега овозможуваат само површна контрола.
Мајмуните ги тренирале да го прават ова така што првин ги оставале пасивно да ги туркаат количките, за време на што ги снимале нивните мозочни бранови и го развивале алгоритамот за управување со количките. Потоа количките ги вклучиле на мозочна контрола и на мајмуните им овозможиле да се возат себеси до чинијата со овошје. Чинијата секогаш се наоѓала на исто место, но почетната местоположба на животните се менувала по случаен избор. Животните успевале да ја возат инвалидската количка во рамките на првиот ден на дресирање, а во текот на следните денови станувале уште подобри во тоа. Но, сега за сега голем проблем претставува времетраењето на батеријата, која трае најмногу до два часа.