Бангладеш можеби ќе ја напушти официјалната религија на земјата по серијата екстремистички напади врз луѓе од други вери. Пред врховниот суд на југоисточната земја започнаа да се изнесуваат аргументи кои го доведуваат во пашање статусот на исламот како официјална религија на државата. Ова се случува по серија напади врз луѓе со различни вероисповести како хиндуси, христијани, како и малцинството шиити коишто исто така се обвинувани како исламски екстремисти.
Во меѓувреме, САД предупреди дека ИСИС почнува да регрутира свои припадници и во Бангладеш, и покрај тоа што владата тврди дека екстремистичките проблеми во земјата се внатрешни и не се поврзани со ИСИС.
„Напаѓачите ги признаа своите злосторства пред судот. Тие исто така се исповедаа дека припаѓаат на групата наречена Џамаатул Муџахедин Бангладеш и одрекоа било каква врска со ИСИС“, тврдат властите. Во моментот, мнозинството граѓани од осумдесет проценти во Бангладеш се муслимани, хиндусите се осум проценти, додека другите религии, како будизмот и христијанството, го сочинуваат сочинуваат остатокот од населението.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!