1. Никогаш не застанувајте поради пешак, освен ако не се фрли под автомобилот.

2. Секогаш гледајте лево и десно, кога поминувате на црвено.

3. Првото место за паркирање што ќе го видите ќе биде и последното. Заземете го со молскавична брзина.

4. Никогаш не користете трепкач кога менувате правец на движење. Тое само им кажува на останатите возачи да дадат гас и да ви попречат.

5. Контактот со очи со возачот од спротивниот пол ви ја одзема предноста.

6. На раскрсница секогаш запирајте на пешачкиот премин, за да ги спречите пешаците да поминат. Ако некој од нив стапне на зебрата пред вас, дајте гас и држете додека не го исфрлите назад на тротоарот. Пешаците се безправни учесници во сообраќајот.

7. Паркирајте на тротоари во секоја прилика, така пешаците се принудени да слезат на улицата. Таму другите возачи ќе се погрижат за нив.

Сподели на Facebook
пати видено