Јас сум патувачки фотограф од Холандија и често ми стануваше досадно кога ќе се вратев во својата татковина. Вообичано одејќи на спектакуларни места во светот, не ги ценев едноставнитенешта во мојата земја. Холандија е прилично едноставна. Немаме високи планини, ниту имаме високи облакодери. Нашата земја е целосно рамна, нашите згради не се високи и жителите можеби си мислат дека холандскиот пејсаж е премногу досаден во споредба со сцените во видиците во други прекрасни земји.

Но, во Холандија има многу што што треба да се цени. Како и секоја земја, и ние имаме нешта коишто се единствени и препознатливи. Помислете си само на ветерниците и бесконечните полиња цвеќиња. Изнајдов начини да ја ценам фотографијата во мојата земја и се обидов да ја овековечам нејзината убавина. Овие 20 слики се резултат на моја едногодишна работа. Немојте да се разочарувате и да мислите дека вашата земја е здодевна. Секоја земја има уникатни места. Обидете се да ги најдете таквите во вашата земја, истражувајте!

Алберт

nz01 nz02 nz04 nz05 nz06 nz07 nz08 nz09 nz10 nz11 nz12 nz13 nz14 nz15 nz16 nz17 nz18 nz19 nz20 нз03

Сподели на Facebook
пати видено