Најсветлата ѕвезда на ноќното небо е Сириус, којашто припаѓа на соѕвездието Големо Куче, но тоа ќе се промени кога ќе се започне со спроведувањето на проектот „Мајак“ (Светилник). Инженерите со него ќе лансираат огромен сателит кој ќе стане најсветлиот објект на небото, веднаш после сонцето, направен од материјал кој ја одбива светлината.

Лансирањето е планирано за летото и се очекува објектот да биде кренат од две ракети Сојуз 2, при што ќе помогне руската вселенска агенција Роскосмос. Тимот планира да го постави леталото во орбита синхронизирана со орбитата на сонцето, на височина од 600 километри од земјата.

rs01

Тоа значи дека секогаш ќе биде на истата патека со сончевата светлина, па така секогаш ќе сјае на различни места во Земјата како што ќе ротира околу неа. Објектот ќе биде џиновски соларен рефлектор во облик на пирамида, со големина од 16 метри квадратни и ќе биде направен од тенок полимер кој е 20 пати потенок од човечко влакно.

Целта на проектот е да се промовира вселенското истражување во земјата и науката и инженерството да се направат попривлечни за младите Руси. Самиот сателит нема да има некоја посебна намена, освен да покаже што сѐ може да се стори на тоа поле. Претходниот предлог, според кој на карго вселеснки брод упатен кон вселенската станица Мир требаше да се закачи панел кој ја одбива светлината, за да се види дали огледалата би можеле да осветлуваат градви или други делови на Земјата со одбивање на сончевата светлина, со што би се продолжила дневната светлина за земјоделците, на пример.

rs02

Тимот на проектот Мајак неодамна обзнани дека собрале достаточно пари за да продолжат со следната фаза на тестирање на ракетата. Целта од 1,5 милиони рубљи (18.700 евра) беше надмината во вторник наутро, при што тимот собра речиси 1,8 милиони рубљи од вкупно 2322 спонзори.

rs03

„Во орбитата праќаме вселенско летало коешто ќе биде најсветлата ѕвезда во орбитата, видлива од било која точка на нашата планета“, изјави проектниот лидер Александар Шаенко, кој стои на чело на курсот по космонаутика при Државниот московски универзитет за механичко инженерство.

rs04

„Сакаме да покажеме дека вселенското истражување е нешто возбудливо и интересно, но најважно од сѐ, дека денес тоа е достапно за секој кој е заинтересиран.“ Во овој проект учествуваат и студентите од споменатиот универзитет.

Сподели на Facebook
пати видено