Доколку се усвојат новите правила, дилерите на дрога во Индонезија ќе бидат терани да си ја јадат дрогата која ја продаваат сѐ додека не умрат. Од Националната агенција за борба против наркотици сметаат декаказната е очаен обид да се справат со растечкиот проблем со распространувањето на дрога. Овој предлог ќе ги засили и така веќе строгите закони, коишто вклучуваат смрт со стрелање, доколку некој биде фатен во препродавање дрога.
Покрај тоа, полицијата го зголемува бројот на рации врз локалните дилери, при што една неодамнешна истрага резултираше со четири смртни случаи. Сламет Прибади, портпарол на агенцијата го изјави следното за Ал Џезеира: „Мора да бидеме сериозни бидејќи дрогата е непријател.“ Хендро Пандово, локален шеф на полицијата додава: „Мораме да ја водиме оваа војна против дрогата насекаде. Тие мора да бидат исчистени од улиците на Џакарта и збришани во цела Индонезија.“
Денес во Индонезија живеат околу 4,5 милиони зависници од дрога, при што од предозираност умираат по триесет и тројца дневно. Критичарите на новите предложени мерки тврдат дека новите закони на земјата не прават разлика помеѓу зависниците и криминалците. Ова се случува откако земјата кон крајот на минатата година реши привремено да ги запре погубувањата. Таа одлука значеше дека британската баба Линзи Сендифорд, којашто била осудена на смрт откако била фатена како криумчари кокаин, доби привремено помилување.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!