Во светот постои малцинство за кое малкумина помислуваат, а коешто ги зачудува научниците со децении: левучарите. Околу десет отсто од луѓето во светот се левучари, а сепак никој не знае со сигурност зошто тие се толку ретки.
Веројатно тоа е резултат на комбинација од повеќе чинители, вклучувајќи нешта поврзани со генетиката, еволуцијата, па дури и хормоните додека бебето сѐ уште се наоѓа во утробата. Или, можеби тоа е резултат на нешто друго. Еве некои интересни факти за левучарите. Доколку и вие сте левучар, или познавате некој таков, сигурно ќе сакате да прочитате.

Близнаците често се левучари, но никој не знае зошто.

lv01

Двајца левораки родители имаат 26.1 отсто шанси да имаат леворако дете, додека двајца деснораки имаат само 9.5 отсто таква шанса.

lv02

Повеќето животни немаат силна и слаба страна како луѓето. Луѓето и нашите најблиски роднини, шимпанзата се исклучок. Околу 90 отсто од луѓето и 70 отсто од шимпанзата се деснораки.

lv03

Спротивно на тоа, се чини дека папагалите претпочитаат да ги користат своите леви екстрмитети. Во едно проучување на 320 папагали било откриено дека 47 отсто од папагалите претпочитаат да ја земаат храната со нивната лева нога. 33 отсто ја претпочитале нивната денса страна, додека останатите немале силна и слаба страна.

lv04

Леворакоста или десноракоста можеби се развива уште во утробата. Истражувачите откриле дека 100 отсто од фетусите кои го цицале својот десен палец во утробата се родиле како деснораки, а 67 отсто од тие кои го цицале својот палецот на левата рака се родиле како левораки.

lv05

Се смета дека левата мозочна хемисфера е доминантна кога станува збор за јазикот, процесирањето на звуците и говорот. Научниците откриле дека тоа е така кај 95% од деснораките луѓе, а кај левораките тој процент изнесува 70%. За останатите 30%, јазикот е доминантен или во десната атмосфера или се процесира подеднакво во двете страни на мозокот.

lv06

Џими Хендрикс бил левучар, но вообичаено свирел на гитара за деснораки, превртена наопаку. Се смета дека левучарите се покреативни и надарени за музика, но науката смета дека тоа е мит и генерализирање.

lv07

Сподели на Facebook
пати видено