Маж и жена седнуваат да вечераат и пуштаат вести на ТВ. Мажот пие една чашка ракија пред вечера и само што си ја налева втората кога почнува следнава вест:
– Според најновото истражување, Македонија се рангираше на 2-ро место на листата за конзумирање алкохол по глава на жител.
Го слуша тоа жената и со презир го погледнува мажот. Без да престане да си налева, мажот возвраќа:
– Што ме гледаш, ма! Давам сѐ од себе.