Шуштарскиот хидрауличен систем во островскиот град Шуштар е сложен систем за наводнување кој датира од времето на ахеменидскиот цар Дариј Велики во 5-от век пр.н.е. Опишан од УНЕСКО како „ремек дело на креативниот гениј“, Шуштарскиот хидрауличен систем бил осмислен така што бил ископан канал на реката Карун, за да биде формиран ендек околу градот, врз кој биле поставени мостови и порти со цел да се држат на страна несаканите посетители. Системот од подземни канали наречени „ганати“ ги поврзувале каналите со приватни резервоари во домовите, зградите и мелниците, на тој начин снабдувајќи ги домаќинствата и установите со вода за домашна употреба, како и за наводнување, а покрај тоа, за време на војна, кога портите се затворале, на овој начин градот никогаш не останувал без вода. Иако овој систем почнал постепено да пропаѓа за време на 19-от век, траги од Ганатите сѐ уште можат да се најдат во криптите на некои куќи.

ss01

Иако Шуштарскиот наводнувачки систем своите почетоци ги има за време на Ахеменидите, поголемиот дел од неговата реновација била направена во 3-от век од н.е., во времето на Сасанидите. Работниците биле римски војници, заробени од владетелот на Сасанидите, Шапур I, по битката со римскиот император Валеријан. Користејќи ја работната рака на заробениците, Сасанидите изградиле огромен иригациоен систем кој се состоел од канал и две брани за контролирање на водниот тек.

ss02

Каналот Аб-и Гаргар се разгранува од реката Карун и потоа пак се спојува со неа 50 km подолу по нејзиното течение, создавајќи остров наречен Мианаб, или „рај“. Шуштар е лоциран на неговиот северен дел, додека останатата почва била искористена за овоштарници. 500 метри долгата брана на реката Карун била наречена „Банд-е Кајсар“, или „Браната на Цезар“, и била клучната структура на системот за насочување на водата во наводнувачките канали во областа. Според повеќе историски текстови, целиот хидрауличен систем бил изграден за само три до седум години.

ss03

Делот од системот кој е најинтересен за туристите се спектакуларните карпи од коишто водата се спушта во басенот. Потоа навлегува во рамнината на југ од градот, кадешто го овозможува садењето на овоштарници и земјоделството врз површина од 40.000 хектари. Системот на луѓето од овој крај им служел илјада години, и до пред неколку децении делови од него сѐ уште биле во употреба, кога тој почнал да се распаѓа за на крај да биде напуштен.

ss05

Според кажувањата, во областа биле изградени најмалку четириесет воденици во делот кај водопадите, иако поголемиот дел од нив со текот на времето се распаднале. Но, ова ремек дело на човечката генијалност и понатаму продолжувало да си ја наоѓа својата примена. Имено, во 1933 година била основана хидроцентрала во всеверниот дел областа, а во 1955 на нејзиниот западен крај била изградена фабрика за лед. Денес системот е заменет со повеќе дами, но изградени во согласност со современите технолошки методи.

ss04 ss06 ss07 ss08 ss09 ss10

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено