Кога програмата оди во живо, репортерката нема целосна контрола на тоа што ќе се случи.

Како што во Америка трката за претседателските номинации се вжештува, и репортерите мораат да го кренат нивото на својата игра, што значи дека треба да игнорираат се што може да им го одвлече вниманието додека се наоѓаат во живо на телевизија. А што се однесува Хејли Џексон, дури ни огромен зелен мрсул не може да ја спречи да го доведе своето известување до крај.

Дописникот на Ен Би Си била на жив пренос од Тенеси, разаговарајќи за поддржувањето на Доналд Трамп од страна на Крис Кристи, кога секретот почнал да ѝ излегува од ноздрвата. Но, таа не дозволи тоа да ја збуни и продолжи да зборува гледајќи во камерата, сѐ додека мрсулот не си падна на земја сам од себе.

Џексон не кажува дали била свесна за тоа што ѝ се случило, но неколку часа подоцна во тоа ја видела посмешната страна. На Твитер постирала слика со нејзината крошничка во продавница – полна со шамивчиња во вредност од 53 долари и книга со наслов „Преживување на вашата сезона на срам.“

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Доколку имате слаб стомак, подобро не гледајте!

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено