Волшебниците од Холивеб измислиле проѕирен шатор на дување од PVC, кој ви овозможува да престојувате во природа, но со сите удобности на вашиот дом. Сѐ што ви треба се 2000 долари за шаторот, и некаде кадешто би можеле да го вклучите уредот за надувување на шаторот. Во шаторот од четири метри можат да се сместат двајца луѓе, во зависност од нивната големина. Тој не е баш отпорен на остри камења, но затоа е отпорен на оган и вода, така што претставува интересен начин за кампување.