Мистериозниот артефакт бил најден за време на реставрација на црквата Рождество Христово во Витлеем. Црквата била изградена во IV век, врз местото кадешто според Библијата се родил Исус Христос. Таа била срушена за време на Самарјанскиот бунт во 529. година, но подоцна пак била изградена во текот на VI век, за време на владеењето на византискиот император Јустинијан I.
Во текот на следните неколку векови, црквата почнала постепено да пропаѓа, но во 2013 година започнал проект за нејзинот реставрирање вреден 8 милиони долари, со цел да ѝ се врати некогашната слава. За време на процесот на реставрирање, работниците наводно нашле мистериозна икона под малтерот во близина на еден од прозорците на црквата.
Иконата, за која се вели дека е од големо религиско и историско значење, е направена од сребро, месинг, школки и камчиња, но сѐ уште не се објавени фотографии од неа и властите сѐ уште не ја прават достапна за јавноста.
„Отстранувањето на правот кој со векови се собирал, овозможи мозаиците повторно да блескаат под светлото кое влегува низ новите прозорци“, изјави ал-Бандак, кој го предводи комитетот надлежен за реставрацијата. „Структурните поправки на трошниот покрив и прозорци се завршени, и сега на уметничките богатства им се враќа нивната деликатна елеганција.“
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.