За време на чет во живо од Центарот за иновации на Фејсбук во Берлин, директорот на Фејсбук, Марк Закерберг соопштил дека минатата седмица играл пинг понг со претседателот на Индонезија – во виртуелна реалност.

„Минатата седмица претседателот на Индонезија го посети Фејсбук, и јас му го покажав најновиот Окулус“, вели Закерберг. „Значи, стоиме двајцата во различни соби и почнуваме да играме пинг понг. ОК, ова е кул, но ова би можеле да го правиме и на нормална маса, па ајде да го направиме ова малку поинтересно: да се поиграме со гравитацијата. Сега ја менуваме физиката, правејќи нешта коишто инаку не би можеле да ги правиме. Па така, игравме пинг понг со нула гравитација, како да сме во вселената. Удираме топчиња, но јас не удирам премногу силно, бидејќи нема гравитација, топчето исчезнува. За среќа, во виртуелната реалност секогаш има уште топчиња.“

zk01

На Закерберг и претседателот на Индонезија, Јоко Видодо на крајот им здодеала играта без гравитација, па нагодувањата ги поставиле за антигравитација.

„Сега законите на физиката се такви што сѐ почнува да лебди по автоматизам, па така за да го држите топчето во вашата зона, мора да го удрите надолу за да не одлебди нагоре.“

zk02

Закерберг имал многу што да каже за идниот потенцијал на виртуелната реалност – како уред за поврзување на луѓе кој би можел да помогне да се направат нешта коишто инаку не би можеле да се направат.

„Мислам дека виртуелната реалност ќе биде доста неверојатна“, изјавил Закерберг. „Визијата којашто нашиот тим ја има е на луѓето да им овозможи да доживеат сѐ, било да се работи за нешто од реалноста што се случува на другиот крај на светот кадешто вие не би можеле да присуствувате за да го доживеете, или пак нешто што во реалноста не може да се изгради, но на овој начин може да се доживее. Мислам дека ова ќе биде многу длабоко значајно за распространувањето на различни искусва и на луѓето ќе им ги даде потребните инструменти да изразат сѐ што ќе посакаат, што на крајот на краиштата, е мисија на Фејсбук.“

Сподели на Facebook
пати видено