На 9. декември, 2009 година, на небото над северна Норвешка и Шведска се појави невообичаена спирала од сина и бела светлина, преплашувајќи дел од јавноста и давајќи повод за напната дебата помеѓу астрономите, научниците, како и луѓето кои веруваат во теории на заговор. Стотици луѓе се јавиле во Норвешкиот метеоролошки институт да прашаат што е тоа. Се понудиле најразлични објаснувања, од аномална северна светлина, до вонземјани и трансдимензионална црвоточина. Некои дури го поврзувале тој настан со високоенергетските експерименти кои во тоа време се одвиваа во Големиот хадронски судирач во Швајцарија. Светлината била видена низ цела северна Норвешка, како и јужна Швајцарија, и според извештаите, траела десет минути.
За разлика од многуте здогледувања на НЛО кои останале необјаснети, мистеријата за норвешката спирала била решена за само 26 часа по нејзиното појавување. Спиралната сина светлина била предизвикана од неуспешно пробно истрелување на руска ракета „Булава“.
Рускиот министер за одбрана издал официјална изјава, изјавувајќи дека се јавил дефект во третиот степен на проектилот, со што издувните гасови почнале да излегуваат странично, предизвикувајќи вртење на проектилот.
„Такви светлини и облаци се јавуваат од време на време, кога ќе се јави дефект кај некој проектил, и такви случаи биле забележани и порано…Барем овој неуспешен тест приреди убав огномет за Норвежаните“, се пошегува Павел Фелгенхауер, рускиот министер за одбрана.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.