Има ли нешто подобро за тврдокорен фан на Арсенал со милион евра вишок за трошење од тоа да го купи стариот стадион на Арсенал во Хајбери, северен Лондон? Фудбалскиот стадион и поранешен домашен терен на фудбалскиот клуб Арсенал бил изграден во 1913 година на местото на рекреативен центар на локалниот колеџ, за на крај да прерасне во „Дом на фудбалот“, како што подоцна беше наречен. Со текот на децениите, стадионото се развиваше и ширеше за да може да го прими сѐ поголемиот број на фанови на Арсенал, сѐ додека кон крајот на векот не го достигна својот максимум. До тогаш стадионот имаше само 38.000 седишта, што е премалку за сите фанови на Арсена, а понатамошно ширење не доаѓаше предвид, бидејќи е опкружен со станбени згради.

hb01

На 7. мај 2006 година, Арсенал го одигра последниот натпревар на овој стадион, натпреварот против Виган Атлетик, последниот натпревар во таа сезона на Премиер лигата. На тимот му требаше подобар резултат од тој на соседите Тотенхем Хотспур за да обезбедат квалификација во Шампионската лига. Заостанувајќи со 2-1, квалификацијата ја обезбеди капитенот на тимот, големиот фудбалер Тиери Анри кој го даде последниот голна тој стадион. После тоа, клубот ги спакуваше своите торби и се пресели во новиот Стадион Емирати, со капацитет од 60.000 седишта.

Откако стадионот беше затворен во 2006 година, многу предмети од него беа ставени на аукција, вклучително и стативите како и бирото на поранешниот менаџер Џорџ Грем. Стадионот бил претворен во станбен комплекс со 650 станови, во рамките на проектот наречен „Хајбери Сквер“, поради што поголемиот дел од стадионот беше срушен; со исклучок на Источната и Западната трибина (градби заштитени со закон) кои беа вклопени во новата градба. Извесен број на станови се сѐ уште на продажба, по цена која се движи од половина милион фунти до речиси милион фунти.

hb02 hb03 hb04

Новиот стадион Емирати, веднаш до стариот стадион, претворен во станбен комплекс.

hb05 hb06 hb07 hb08 hb09 hb10 hb11

Сподели на Facebook
пати видено