Во канцеларијата на директорот на една фабрика доаѓа жената на главниот инженер и почнува да вика:
– До кога ќе го прикривате мојот сопруг. Веќе цел свет зборува дека тој е женкар и пијаница. Сношти се врати дома со женски гаќи.
Жената ги фрла гаќите на бирото на директорот.
Директорот ја смирува:
– Смирете се. Сега немам многу време, но утре ќе се разберам со него и ќе преземеме мерки.
Кога си тргнува накај дома, директорот ги става женските гаќи во џебот, за да му бидат при рака наредниот ден за разговорот со инженерот.
Следното утро жената на директорот му ги пегла панталоните, ги наоѓа гаќите и извика бесно:
– Киро! Абе ти, кога ќе престанеш со твоите идиотски шеги, бе? Два дена си ги барам гаќите, а тие во џебот од твоите панталони!

Сподели на Facebook
пати видено