Необичната награда ја доби затоа што беше 100.000-тиот купувач на сајтот за продажба на оружја за видео игри. Така, средношколецот Руслан Шчедрин од Москва сега ќе живее 1 месец во хотел со порно ѕвездата Екатерина Маркова, ако го пуштат од дома (ако не, ќе избега :)).
„На почетокот не верував, но кога видов дека е вистина, не можев да се соземам од радост. Другарите исто така се радуваа, некои ми завидуваа, а некои сами се поканија да дојдат на гости. Јас ја видов и многу ми се допадна. Одвај чекам да се сретнеме“ – вели тинејџерот.
„Ние заедно ќе одиме на кино, ќе патуваме. За почеток треба да се запознаеме, па ќе решиме што ни е интересно на двајцата. Ако му е незгодно да живее во хотел, може само да доаѓа, а да си живее дома. Ќе го оставам сам да си реши“ – вели Екатерина.
Мајката на ученикот не е многу среќна за наградата.
„Јас сум категорично против, тој има тестови, треба да учи… Каков месец со порно ѕвезда!? Како можело да им текне такво нешто, тој и такак по цел ден игра игри, уште и ова.“ – вели мајката Вера Шедрина (на последната слика).
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.