1. Застанете на раце.
2. Од оваа позиција направете 4 салта наназад.
3. Лајкнете 452 групи „Дознај кој ти го гледал профилот?“
4. Потврдете присуство на барем уште толку „Настани“ од овој вид.
5. Поканете ги сите ваши пријатели да учествуваат во тие групи, за да не се чувствувате зезнато.
6. За ништо на светот не престанувајте со спамирање пораки и покани.
7. Игнорирајте ги пцовките и клетвите на ваша адреса.
8. Излезете надвор на полна месечина и вијте како волк.
Ако го исполнивте сето тоа очекувајте лично да ви се јави секретарката на Марк Цукерберг и да ви ги издиктира имињата на луѓето опседнати со вашата личност.

Сподели на Facebook
пати видено