Да се запраша човек дали овие луѓе застанале за момент да се замислат за нивните животни избори.
Планината Хуашан
Сметана за една од најопасните, но истовремено за една од најпопуларните угорнини во Кина, мачното искачување на Хуашан е тест за нервите од почеток до крај. Би си помислиле дека речиси вертикалните карпи и тесните и трошни дрвени мостови се сосема доволна причина да не одите, но тоа не запира стотици туристи и локални жители да си ја испробаат среќата на најопасното патување на сите времиња.
Висечкиот мост Хусаини
Еден од најопасните мостови во светот, слабо одржуван а многу употребуван, мостот Хусаини порано бил единствениот начин да се премине преку езерото Борит во северен Пакистан. И кога велиме „бил“, тоа не е затоа што изградиле нешто побезбедно, туку затоа што во 2011 подлегнал на природните закони и се срушил.
Кулата во Оукланд
Треба да сте навистина посебна личност за да се искачите 190 метри на највисоката структура под Екваторот направена од човек и да си помислите: „Леле, што би сакал да си скокнам сега!“ А сепак, кулата секојдневно пречекува бројни банџи скокачи жедни за нивната дневна доза адреналин.
Тролтунга
Една од најпопуларните глетки во Норвешка, Тролтунга изгледа како место кое стрпливо го чека среќникот со кој заедно ќе се стрмоглават во бездната. Помислете си само – карпата е изделкана од глечери пред илјадници години. Уште колку мислите дека ѝ остануваат.
Во стаклена кутија на Монт Блан
Дали некогаш сте посакале да застанете врз стакло 3 километри над еден куп остри карпи, близу до врвот на највисоката планина во Европа?
Ѓаволскиот базен, Викториини водопади
Колку далеку сте подготвени да отидете за една слика? Дали би отишле на Викториините водопади, каскада висока стотина метри за да направите слика која изгледа како да ви е последна во животот? Бидејќи, и покрај фактот што луѓе навистина умираат таму, тоа воопшто не ја намалува популарноста на оваа дестинација.
Кјерагболтен
Гравитацијата е лажлива пријателка, и кога конечно ќе ја повлече оваа позната карпа заглавена на 990 метри во воздухот помеѓу други две карпи во Рогаланд, Норвешка, тешко на тој што ќе се најде на неа.
Вулканот Виларика
Активните вулкани со сигурност изгледаат убаво, но кој е тој кој би имал потреба да биде во нивна близина, а камо ли да скока со банџи од хеликоптер во активен вулкан кој во секој момент може да изблуе жешка лава?! А и банџи јажето е нешто што ви го гарантира животот, се разбира.
Патот Јунгаш
Овој пат во светот е познат како „Патот на смртта“, прекар кој си го заслужил со стотиците животи кои ги голтнал (главно како последица на управување тешки возила по крајно тесниот и слабо одржуван пат). Но кога неговата репутација станала општо позната, тоа само уште повеќе ја зголемило честотата на посетеност од страна на бројните туристи од целиот свет.
Украдениот оџак
Веројатно еден од најопасните врвови во светот, овој врв во националниот парк Моаб во Јута е врвен пример дека луѓето се качуваат на разни нешта само затоа што го можат тоа (и покрај фактот што оваа кула изгледа како да ќе се сруши во секој момент)
Кампување на вертикална карпа
Растечки тренд кај зависниците од адреналин е да поставуваат шатори на вертикални карпи стотици метри над земјата. Можеби навистина е удобно со главата во облаци, но ако заборавите каде се наоѓате, будењето може да ви биде доста грубо.
Мохерските карпи
Оваа ужасувачка велосипедска патека во Ирска е вистинската локација на „Карпите на лудоста“ во Принцезата невеста. Навистина е лудост некој да се осмели да вози велосипед на патека која ретко станува поширока од 1 метар, која се извишува над умопомрачителна бездна.
Висечкиот мост Трифт
170 метри должина и широчина од 0.9 метри се димензиите на висечкиот мост Трифт кој се наоѓа на 100 метри во воздухот во швајцарските Алпи. Глетките се неверојатни….особено ако се осмелите да погледнете надолу.
Хуајана Пикчу
Погледот врз Макчу Пикчу од врвот Хуајана Пикчу е глетка која заслужува да се види, но и искусните водичи се внимателни додека да стигнат таму.
Ел Каминито Дел Реј
„Малата Кралска Патека“ била изградена во 1905г. и оттогаш се извршени многу малку поправки. Како резултат на тоам оваа патека е вистински предизвик и за најхрабрите планинари и трагачи по возбуди.