Дали некогаш сте забиле стап во земјата за да го употребите како сончев часовник, за на крај да сфатите дека пак немате поим колку е часот? Француската продавница на Етси наречена Моџоптикс го реши тој проблем преку 3D печатење на специјални сончеви часовници коишто времего го прикажуваат на „дигитален“ начин, секако, во периодот помеѓу 10:00 и 16:00 часот, и ако воопшто не ви пречи тоа што бројките се менуваат само на секои дваесет минути.
„Без батерии, механизам, без било каква електроника…Ова навистина е супер модерен часовник кој времето го мери со својата сенка“, пишува продавачот. „Обликот на сончевиот часовник е математички дизајниран, така што со ротирање на столбот дури можете да го прилагодите часовникот кога се менува времето.“