Научно е докажано дека има најмалку 700 милиони милијарди (7 со 18 нули) планети во нашата позната Вселена. Научниците долго веруваа дека сигурно има светови коишто личат на нашиот, познатиот „Коперников принцип“, според кој нашата планета нема привилегирана положба во космосот. Но, ново истражување го сврти овој принцип на глава, сугерирајќи дека Земјата сепак може да е единствена од својот вид.

Астрономот Ерик Закрисон од универзитетот Упсала во Шведска употребил компјутерски симулации за да ги мапира сите терестријални планети кои би можеле да постојат во универзумот. Според детален изветај во списанието „Сајентифик Америкен“, неговиот компјутерски модел создал минијатурна дигитална копија на раниот универзум.

zm01

Потоа во него ги вметнал сите податоци за егзопланетите достапни благодарение на сондите како Кеплер, и моделирал што би се случувало со овие планети според познатите закони на физиката.Тимот заклучил дека ниедна од милијардите планети во вселената не би можела да биде како Земјата. Тоа е затоа што тие планети се многу постари, поради што веруваат дека релативно младата возраст на Земјата и нејзината положба во Млечниот пат е уникатна.

zm02

„Секако дека постојат многу несигурности во пресметка како оваа. Нашето знаење е несовршено, но возбудливо е тоа што сега може да се почне од нешто“. Но, и покрај сѐ, научниците тврдат дека нивните пресметки се точни. Ова истражување доаѓа по едно друго слично минатата година, по коешто се заклучи дека Земјата можеби е една од првите планети во универзумот со услови за живот. Научниците веруваат дека кога се родил сончевиот систем пред 4.6 милијарди години, се формирале само 8 отсто светови кои би можеле да содржат живот. А повеќето планети допрва треба да се родат и можеби нема да се појават додека нашето сонце не изгори по шест милијарди години.

zm03

„Во споредба со планетите кои допрва ќе се појават во универзумот, Земјата се појавила доста рано“, велат научниците. Вселенските набљудувања укажуваат дека пред 10 милијарди години ѕвездите се форирале брзо, но тој процес искористил само дел од сиот водород и хелиум во универзумот. Денес ѕвездите се раѓаат со многу побавна стапка. Една од предностите што сме се појавиле порано на забавата е тоа што сѐ уште може да се следи развојот на галаксиите со помош на моќните телескопи како Хабл. Поради ширењето на универзумот, доказите за Големата експлозија по билион години ќе бидат избришани. Секоја цивилизација која би се појавила во далечната иднина нема да има ништо што би можело да ѝ навести како настанал универзумот и како еволуирал.

Сподели на Facebook
пати видено