Едно момче од Колорадо полека се претвора во камен поради крајно ретко заболување на кожата. Кожното нарушување на Џејден Роџерс е толку ретко што неговиот случај е 41-от ваков забележан случај. Пред само три години, неговите родители забележале дека некои дамки по телото му се стврднуваат, и сега уште повеќе стврднати дамки се рашириле и низ други делови на неговото тело.

jd01

Во текот на изминатите години, Џејден го виделе повеќе доктори коишто продолжуваат да трагаат по причината за неговото заболување. Неговиот татко, Тим Роџерс, вели дека кога тропате по неговата нога, имате чувство како да тропкате по маса или по друга тврда површина. Дамките се рашириле на неговите нозе, грбот и колковите, и му отежнуваат да оди. Еден ден Џејден им кажал на своите родители дека нозете веќе не му работат и му треба инвалидска количка.

jd02

Докторите ја определиле неговата состојба како „синдром на стврднување на кожата“. Како што неговите симптоми се влошуваат, тој е постојано во болки, и тажно е тоа што сега за сега не постои лек за оваа болест. Д-р Елизабет Свансон од Детската болница во Колорадо вели дека ја пребарала целата медицинска библиотека обидувајќи се да најде некој третман. Сега за сега го подложуваат на хемотерапија, обидувајќи се да ја запрат калцификацијата.

jd05

Хемотерапијата ги уништува лошите, но и добрите клетки, правејќи го Џејден слаб и подложен на инфекции, поради што носи маска за да се заштити од инфекциите и вирусите против кои инаку не би можел да се бори со неговиот ослабнат имунитетски систем. Во тек е акција за собирање средства за неговото лекување и до сега се собрани повеќе од 10.000 долари. Се чини дека со последната хемотерапија, стврднувањето почнало малку да забавува, но д-р Свенсон изјавил дека штом кожата еднаш ќе се стврдне, не постои начин таа да се врати во првичната состојба. Малиот Џејден сепак е цврсто решен да не ѝ се предаде на болеста и е истраен во неговата борба против неа.

jd03

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено