Древниот пустински град Шингети во Мавританија, на западниот раб на пустината Сахара, се променил многу малку од неговото формирање пред дванаесет векови. Куќите сѐ уште се градат од црвен камен и кал, со рамни покриви кои се прават од палмини стебла. Низ камените ѕидови ѕиркаат мали прозорчиња и рачно изработени врати од масивна акација, коишто одамна исчезнале во блиската околина. Многу од куќите сега стојат во рушевини, напуштени од нивните сопственици коишто побегнале од песокта на огроманата Сахара која постојано се шири. Шингети некогаш бил бујна метропола со 200.000 жители, а сега едвај да останале неколку илјади. Како што градот полека исчезнува под песокта, некои од преостанатите семејства очајно го чуваат нивното скапоцено богатство – една од најпрефинетите збирки на древни исламски ракописи.

ps01

Наоѓајќи се на крстопатот на повеќе трговски патишта низ Сахара, во 11. век Шингети станал важен трговски центар. Пустинските каравани го користеле градот како оаза, запирајќи да ја продаваат својата стока и да ги остават илјадниците камили да се одмора. Подоцна, тој станал собиралиште на поклоници на нивниот пат кон Мека. Како што илјадници учени луѓе минувале низ ова место, било неминовно да се случува размена на религиски и научни идеи, и репутацијата на малиот град цветала. Тоа што некогаш било само попатна точка, станало своевидна посебна дестинација. Со векови луѓето коишто патувале низ северна Африка, оделе во Шингети за да ја проучуваат религијата, како и правото, астрономијата, математиката и медицината.

Се раскажува дека пред половина век таму имало триесет библиотеки со древни книги подврзани со кожа и илјадници ракописи. Сега останале само пет од нив. На овие приватни библиотеки внимаваат семејства кои ова богатство го предаваат од колено на колено. Лежејќи на отворените полици во суровата пустинска клима, овие скапоцени артефакти полека се претвораат во прав.

Владата на Мавританија се обидела да ги прибави овие деликатни ракописи од нивните чувари за да можат да бидат презервирани, но семејствата одбиваат да се разделат со нивното наследство. За нив претставува прашање на чест да ги чуваат.

„Би се разделиле ли од својата рака, или од своето стапало? Тоа е дел од нас“, вели Сеиф Ислам, директорот на локалното училиште, кој во својата збирка има 700 правливи книги. Се верува дека во земјата има 33.000 древни текстови, но само неколку илјади се соодветно исчистени и архивирани во нејзиниот национален музеј.

ps02 ps03 ps04 ps05 ps06 ps07 ps08 ps09 ps10

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено